Skip to main content

УХМР

Облачно и свежо, претпладне врнежи од дожд

Утринската температура до 11 степени, а максималната дневна ќе се искачи само до 16 степени.
 |  инфодеск  | 
Охрид кеј Ѓоко Симјаноски

Денеска во Охрид претпладне облачно со услови за локални врнежи од дожд, попладне променливо облачно и свежо. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Утринската температура до 11 степени, а максималната дневна ќе се искачи само до 16 степени.

Во вторник ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, а дневната температура ќе опадне за повеќе од десет степени.