Tрибината во Охрид, како дел од кампањата „Ние сме Европа“, ќе се одржи утре, ( 18-ти октомври 2023 год. ) во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид со почеток во 18:00 часот.
На отворената трибина ќе се обратат Бојан Маричиќ, Вицепремиер за европски прашања, Каја Шукова, Министерка за животна средина и просторно планирање, Грегор Прескер Амбасадорот на Република Словенија и Љупчо Јаневски директорот на агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
Темата на овој настан е членството во ЕУ од аспект на развојот на туризмот и бенефитите од инвестициите во животната средина, информираат oд Секретаријатот за европски прашања.
Настаните од Кампањата „Ние сме Европа“ се од информативен карактер и имаат за цел да го продлабочат дијалогот со граѓаните за можностите и придобивките кои ги нуди пристапувањето и членството во ЕУ.