Нови дијагностички тестови во Центар за јавно здравје на молекуларно ниво со RT-PCR технологија
Одделението за микробиологија при Центар за јавно здравје Охрид се опреми со најнова апаратура и целосно автоматизиран систем за молекуларна дијагностика во кој се интегрирани екстракција на нуклеински киселини ДНК и РНК,PCR амплификација во реално време и интерпретација на резултати.
-Со воведување на молекуларна дијагностика ЦЈЗ Охрид овозможува на корисниците да добијат брзи и точни резултатите за анализите:
1. Скрининг на присуство на високо ризични типови нахуман папилома вирус (ХПВ скрининг)
2. Одредување на поединечни генотипови-генотипизација, на 14 високо ризичнитипови на хуман папилома вирус (ХПВ), кои се застапени на Балканското подрачје
3. Докажување присуство на Chlamydia trachomatis во гинеколошки, цервикалнибрисеви кај трудници или со редовни прегледи.