Skip to main content

Здрави животни навики во превенција на дијабетес

Црвен крст Охрид со едукативни предавања по повод неделата на борба против дијабетес 

Др.Соња Стурлакова Димовска одржа едукативно предавање на корисниците и волонтери од Програмата – Грижа за стари лица – “Најди време” а овогодинешното тема беше ‘‘Здрави животни навики во превенција на дијабетес.
 |  инфодеск  | 
Дијабетес Црвен Крст

Црвен крст Охрид во периодот од 10-16ти октомври 2023 год. традиционално ја одбележува Неделата на борба против шеќерна болест која има за цел подигнување на свеста на населението, за тоа што претставува дијабетот, колку е застапен во светот и превенција од појава на шеќерна болест преку промовирање на здрави животни навики.

По тој повод, денеска др.Соња Стурлакова Димовска одржа едукативно предавање на корисниците и волонтери од Програмата – Грижа за стари лица -“Најди време” а овогодинешното тема беше ‘‘Здрави животни навики во превенција на дијабетес”, со цел подигање на свеста за превенција и навремено дијагностицирање на дијабетот кај постарата популација.

На предавањето присутните покрај што се запознаа со ризиците и факторите кои доведуваат до појавата на болеста можеа да добијат и совети во однос на измерената количина на шеќер во крвта по претходно мерење од др. Соња заедно со волонтери од Клубот на млади при Црвен крст Охрид. На предавањето беше спроведено и анкетно истражување анкета за дијабетот и животните навики помеѓу учесниците.