Реконструирано постојното повеќенаменско игралиште во Подмоље. Вредноста на реконструкцијата изнесува околу 600 000 денари.
„Дополнително во склоп на повеќенаменското игралиште изградивме и комплетно ново детско игралиште кое е опремено со соодветни детски реквизити.“ – информира градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков во објава на Фејсбук.
Исто така изграден е и нов потпорен ѕид, игралиштето е соодветно обележано, околниот простор партерно е уреден, поставени се нови клупи, канти за отпадоци и клупи на трибините.