Интересот за вакцинација против свински грип опаѓа
Интересот за вакцинација против свински грип опаѓа, информираат од охридскиот центар за јавно здравје.
Интересот за вакцинација против свински грип опаѓа, информираат од охридскиот центар за јавно здравје.
Според епидемиолозите, ова се должи на намалениот број на заболени и починати како последица на заболување од грипот тип А(Х1Н1). Намален е и интересот кај лицата што треба да се ревакцинираат.
„Во Охрид од вакцините на производителот Бакстер, со кои е предвидена и ревакцинација, примија околу 300 граѓани. Тие треба да се јават и на дополнителна вакцина, за да го продолжат рокот на имунизација, кој го стекнале со првата вакцина. Доколку не се јават на ревакцинација не значи дека ќе имаат последици по здравјето, но препорачуваме да се ревакцинираат за си го задржат имунитетот против вирусот“, вели д-р Атанаско Михаилов, раководител на Центарот за јавно здравје во Охрид.
Досега, од појавата на вирусот во Охридскиот регион, е регистриран еден потежок случај, за среќа без смртни последици.
{loadposition content9}