На 16.10.2023 во 11.00 часот во ОВР Струга, Ч.М.(70) од Струга пријавил дека пронашол рачна бомба од Првата Светска Војна, при расчистување на стара падната куќа во неговиот двор. Експлозивната направа била подигната од претставник на Дирекцијата за заштита и спасување Битола за понатамошна постапка, информираат од МВР.