Skip to main content

Министерката за култура во посета на Истанбул

Министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска во Истанбул, Република Турција, ќе присуствува на свеченото отворање на манифестацијата „Истанбул 2010 – европски град на културата“.

Elziabeta Kancevska Mileska
Елзиабета Канчевска Милеска

Министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска во Истанбул, Република Турција, ќе присуствува на свеченото отворање на манифестацијата „Истанбул 2010 – европски град на културата“.

IstanbulНа свеченото отворање ќе учествуваат министри за култура од повеќе земји, а Истанбул, како еден од домаќините на манифестацијата, заедно со германскиот град Есен и унгарскиот Печуј, ќе презентираат стотици културни случувања преку кои ќе се долови културното шаренило на Европа.

Република Македонија во рамките на оваа манифестација во текот на годинава, во Истанбул, ќе се претстави со неколку културни содржини. Европската престолнина на културата е важна мисија, која има цел да ги охрабри и да ги поттикне европските народи да го слават заедничко културно наследство.








{loadposition content9}