Skip to main content

Колку е Вашиот IQ?

Тестирање на општата интелигенција во Охрид од страна на МЕНСА

Менса Македонија за прв пат по подолг период ќе организира тестирање на интелигенција во Охрид, на 28.10.2023 (Сабота) со почеток во 14:00. Тестирањето ќе се одржи на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле”, Охрид.
 |  инфодеск  | 
Менса

Имате над 16 години и сакате да дознаете колку е Вашиот IQ?
Тестирајте се и дознајте. Тестирањето трае 20 минути.
Резултатите ќе ги знаете само Вие!

Менса Македонија за прв пат по повеќе од 10 години организира ТЕСТИРАЊЕ на општата интелигенција со цел прием на нови членови во Охрид, на 28.10.2023 (сабота), во 14 часот, на Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“.

Кандидатите е потребно:
– да имаат наполнето 16 години до денот на тестирање,
– да уплатат 500 денари на уплатница:
примач: Менса Македонија,
сметка: 300-0000002113-02 Комерцијална банка,
цел на дознака: Тестирање

и да го пополнат формуларот:
https://docs.google.com/…/1FAIpQLSfblj3…/viewform

Најдоцна до 27.10.2023.

На самото тестирање треба да понесат документ за лична идентификација, од евентуално претходно тестирање да се поминати 6 месеци, и да не се тестираат повеќе од третпат.
Тестирањето се одвива со стандардизирани тестови за интелигенција на Mensa International® и резултатите се тајни.
Доколку вашиот резултат е во горните 2% од светската популација, стекнувате право да станете член на Менса Македонија, а со тоа и на Mensa International®.