Поради недостиг на педијатри, веќе две години во охридската болница нема детско одделение, има само дневна амбуланта во две смени. За викенди, празници и ноќна смена, болните деца од Охрид патуваат во Струга. Во охридската педијатрија моментално има тројца специјалисти, до пред извесно време беа само двајца.
Додека, пет педијатри, во струшката болница се грижат за лекување на децата од целиот регион, од општините Охрид, Струга ,Вевчани, Дебар, Дебрца и Ресен.
„Ситуацијата е иста како што беше и претходно, ноќните смени, празниците сите пациенти доаѓаат кај нас. Немаме никаква промена. Преку работните денови имаме 60 до 70 прегледи викендите и до 100 деца “, вели д-р Влатко Мицкоски началник на одделението за педијатрија во струшката болница,
Лекарите од Струга велат се преоптоварени од работа, родителите пак, се жалат дека мора да патуваат во Струга, бараат надлежните да изнајдат решение.
„Ние од тие пет педијатри тројца сме буквално пред пензија, броиме уште една две години до пензија. Во исто време покриваме неонатолошки оддел во труга значи држиме две одделенија во исто време. Заморот се чувствува “, вели Мицкоски.
Во струшкото детско одделение има десет болнички кревети, 6 помошни и 6 дополнителни за дневна болница. Критично е во време на вирози и настинки кога се бара место повеќе.
„Право да ви кажам не знам како би се снаоѓале во тој момент, а сепак ќе мора тие што се потешко болни да ги задржиме другите преку дневна болница да ги лекуваме. Поинаку не може, капацитетот е тој ан детско одделение”, додава Мицковски.
Од министерство за здравство повеќе пати ветија решавање на проблемот, најавија двајца педијатри од земјава, кои требаше да дојдат да работат во охридската болница, но тоа не се случи. За надминување на проблемот во охридската болница треба да има минимум четворица специјалисти педијатри и повторно да биде отворено детското одделение.
Новинар Соња Рилковска