Нафта ќе има, но до кога?
Светската побарувачка по сирова нафта годинава ќе биде на највисоко ниво од 2007 година, што ќе биде како последица на зголемената потрошувачка во азиските држави во развој.
Светската побарувачка по сирова нафта годинава ќе биде на највисоко ниво од 2007 година, што ќе биде како последица на зголемената потрошувачка во азиските држави во развој.
Ова се проценките на Меѓународната агенција за енергетика (ИАЕ), која има улога на енергетски советник во 28 индустриски развиени држави.
Според оваа агенција, дневната потрошувачка на „црното злато“ во 2010 година во светот би можела да изнесува 86,3 милиони барели.
Доколу оваа прогноза биде остварена, сепак нема да биде срушен рекордот од 2007 година, кога во светот просечно се трошеа по 86,5 барели дневно.
{loadposition content9}