Skip to main content

МОН

Конкурси за доделување на ученички стипендии за учебната 2023-2024 година

Потребните документи треба да се достават најдоцна до 1-ви ноември, а списокот со избраните кандидати ќе биде објавен на 1-ви декември на интернет страната на МОН.
 |  инфодеск  | 
МОН

Министерството за образование и наука објави девет конкурси за доделување на стипендии на ученици од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024 година, по разни критериуми.

Државата ќе стипендира талентирани ученици/чки од средното образование од областа на уметностите, спортисти/ки, ученици/чки кои следат настава од угостителство и туризам, шумарство и обработка на дрво, градежништво и геодезија, земјоделство-рибарство и ветеринарство, машинство и текстил, кожа и слични производи, од стручно оспособување и стручно образование од тригодишно траење, во паралелки во стручно образование во кои ќе се реализира практично образование со зголемен број на часови согласно програмите за стручно образование, освен ученици/чките од здравствените струки, стипендии за социјална поддршка на ученици/чки, ученици/чки со посебни потреби и деца без родители.

Висината на стипендијата ќе изнесува 3.500 денари месечно и ќе се исплатува девет месеци за времетраење на учебната 2023/2024 година.

Потребните документи треба да се достават најдоцна до 1-ви ноември, а списокот со избраните кандидати ќе биде објавен на 1-ви декември на интернет страната на МОН.

Сите конкурси можете да ги прочитате ТУКА.