Skip to main content

ЈП Еремија Вевчани

Во Вевчани поставени контејнери за електричен отпад

Од општината апелираат до жителите за одговорно и свесно однесување и правило користење на поставените контејнери.
 |  инфодеск  | 
Контејнери

Општина Вевчани  и Ј.П. Еремја Вевчани во соработка со Нула Отпад ДОО Скопје започнува со собирање и селектирање на електричен и електронски отпад, како и на отпадни батерии. Поставени се 2 контејнери за фрлање на електричен и електронски отпад на локација кај пазарот во Вевчани.

Со поставување контејнери наменети за електричен отпад во Вевчани правиме значаен исчекор во нашите напори за промоција на одржливоста и заштита на животната средина, истакна градоначалникот Спасе Кочоски.
На самиот контејнер има инструкции за користење, како и список на дозволени видови на отпад, кои може да се одлагаат во него: батерии, мобилни телефони, мали куќни апарати како миксери, тостери, фенови, мали монитори, статични и преносни компјутери, тастатури, глувчиња, кабли, звучници и други слични уреди. ВАЖНО е да напоменеме дека контејнерите не се наменети за комунален отпад, стакло, хартија, пластика, облека и слични материјали, информираат од ЈП Еремија.

Овој систем, треба да придонесе за намалување на опасниот отпад на улиците, дивите депонии што се создаваат покрај контејнерите и ќе влијае на подигнување на јавната свест.
Од општината апелираат до жителите за одговорно и свесно однесување и правило користење на поставените контејнери.