Skip to main content

Mонографија, 50 години Охридско Лето

50 годишното постоење на Охридско лето во монографија од 5 тома.

 |  Татјана Маленкова  | 
monografija
монографија

50 годишното постоење на Охридско лето во монографија од 5 тома.

Toni SimonoskiСе знае тимот кој ќе ја работи истата, а започнаа и активностите околу печатењето на истата. Трошоците за монографијата ќе ги покрие министретвото за култура на Р Македонија.  

Љубилејното 50 то издание на фестивалот охридско лето ќе биде збогатено со фестивалска монографија. „Подготовките околу ова издание од поодамна започнаа. Да се пофалам дека при крај сме со прибирање на податоците. Познат е и  тимот кој ќе работи на истата“, вели директорот на фестивалот Охридско лето Тони Симоноски.

50 годишното опстојување на охридско лето ќе биде поделено на десетолетија или ќе се издадат 5 тома во кои ќе бидат забележани повќето настани кои ја одбележале годината, вели Симоноски.

Печатењето на Монографијата за Охридско лето ќе биде финансирано од министертвото за култура и од спонзорите. 5 те тома за постоењето на фестивалот од печат ќе излезат во текот на годинешното фестивалско издание. Неофицијално дознаваме дека монографијата официјлно ќе биде обелодената за време на роденденот на фестивалот 4 ти август.

{loadposition content9}