Започнува одбележувањето на 23ти Октомври, Денот на македонската револуционерна борба
Општина Охрид со низа настани и свечености ќе го одбележи 23-ти Октомври, Денот на македонската револуционерна борба и јубилејот 130 години од формирањето на Македонската револуционерна организација.
Денеска, со почеток во 12 часот, во големата сала на Општина Охрид ќе се одржи промоција на книгата „За македонистиката отворено“ од проф. д-р Димитар Пандев и Свето Стаменов. Промотор ќе биде доц. д-р Бобан Карапејовски.
Вечерва, од 19:00 часот, во големата сала на Општина Охрид ќе се одржи свеченост по повод 23-ти Октомври, во рамки на која обраќање ќе има градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков. Предвиден е и историски час со проф. д-р Нашата Котлар, како и културно-уметничка програма.
Свеченостите ќе продолжат во понеделник, на 23-ти Октомври, кога со почеток во 10:00 часот ќе биде положено свежо цвеќе пред спомен-обележјата на охридските револуционери во Градскиот парк во центарот на Охрид.