СВР Охрид
Приведени две лица на ул.,,7 Ноември“ кај кои била пронајдена марихуана
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

На 19.10.2023 во 16.40 часот на ул.,,7 Ноември“во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 24 годишно лице од с.Велгошти, охридско и 43 годишно лице од Охрид.
– При преглед во возилото „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувало лицето од Велгошти, била пронајдена и одземена марихуана. Исто така, марихуана била пронајдена и кај сопатникот од Охрид. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.


