Државен завод за статистика
Просечната нето-плата во август 36 390 денари
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности (21. 6 %), Образование (17.5 %) и Градежништво (16. 5 %).
| инфодеск | Македонија
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во земјава, во август година, изнесува 36 390 денари, што е за 14.2 отсто повеќе во однос на истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности (21. 6 %), Образование (17.5 %) и Градежништво (16. 5 %). Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (3.8 %), Административни и помошни услужни дејности (3. 3 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (2. 3 %).