Skip to main content

IN MEMORIAM

Денеска ќе биде погребан Никола Матлиески Пашата, поранешен градоначалник на Охрид

Матлиески почина во саботата на 89 години.  Тој беше градоначалник и го водеше Охрид во периодот од 1996 до 2000 година. 
 |  инфодеск  | 

На Градските гробишта во Охрид денеска ќе биде погребан поранешниот градоначалник на Охрид, Никола Матлиески – Пашата.

Матлиески почина во саботата на 89 години.  Тој беше градоначалник и го водеше Охрид во периодот од 1996 до 2000 година.  Воедно Матлиески е познат и како успешен бизнисмен и стопанственик кој како раководител го издигна охридски „ЕМО“ во стопански гигант на просторите на поранешна Југославија, па и низ светот.

Посмртните останки на Никола Матлиески Пашата ќе бидат изложени во капелата на градските гробишта во Охрид од 12 до 12:30 часот.