Skip to main content

Стратегија за развој на зеленило во Општина Охрид во период од 2023 до 2032 год

Битката на урбаното зеленило со бетонот

Презентирана Стратегијата за развој на зеленило на Општина Охрид во период од 2023 до 2032 година. Помеѓу зеленилото со кое, според Закон, Охрид треба да располага и фактичката состојба, разликата е огромна. Институциите ја префлаат топката за надлежностите за тоа каде е одговорноста за тоа што никнуваат згради на сметка на зелените појаси.
 |  инфодеск  | 
Дрворед Горица

Градското зелинило ја губи битката со бетонот. Четири години по донесувањето на Законот за урбано зеленило кој предвиде 25 м2 зелени површини по  жител,  Охрид не е ни приближно до законската норма. Охрид треба да има приближно 1.2 милиони квадратни метри зеленило, но реалната состојба  е 80.000.м2, од кои 50.000 моментално се одржуваат.   Се поставува прашањето зошто не се спроведува законот.  Јани Макрадули, Помошник во изработка на Стратегијата за развој на зеленило на Општина Охрид (2023 до 2032), вели исполнувањето на одредбите од законот бара големи финансиски, средства, а доколку се знае финанисиската состојба на општините нивното исполнување е невозможно. Тој предлага, зеленилото на НП Галичица и населбата Рача да биде дел од Охрид, за да се исполнат условите од законот. Исто така , тој се надева дека Стратегијата за развој на зеленилото во Охрид до 2032  ќе биде вметната во изработката на Генералниот урбанистички план.

„Мислам дека сега изработувачите на новиот ГУП не можат  ова да го одбегнат и мора да го имаат во план. Се разбире дека тие одредена локација, мислам содржина  може да ја префрлат согласно нивните планови од една на друга локација, далие парк, дали е простор со охридски цреши , но притисокот е голем. Оваа стратегија е исклучиво експертска, се бави со урбаното зеленило и мсилам дека ќе биди тешко на општината тоа да го избегнат.“ – вели за ТВМ, Макрадули.

На прашањето дали некој ќе одговара за кршење на законот, со што никнуваат згради а исчезнуваат дрва, експертите велат дека и во самиот Закот има некои недоречености и потребни се негови измени.

„Има некои пенали коишто мислам дека во тој однос на централна и на локална власт, ќе направи повеќе дебата во јавноста отколку практична примена, тоа е мој искрен став.“ – вели Макрадули.

Иако според  Законот обврската за надзор над спроведување припаѓа на Министерство за животна средина, оттаму ја префрлуваат топката на општините и сметаат дека надлежноста за инспекцискиот надзор е задача на овлaстените комунални инспектори од општините.

Без оглед кој ја има надлежноста, обврска и одговорност на сите е Охрид  да стане  оддржлив „зелен град“, со мрежа на висококвалитетни и атрактивни зелени  површини, што ќе придонесе за благосостојбата и здравјето на сите граѓани и посетители, притоа зачувувајќи ја животната средина и биодиверзитетот. И при раззеленувањето, на прво место мора да се користат автохтоните видови на растенија.

„Приоритет имаат автохотоните садници. Јас знам дека од секогаш имало дилема со охридската цреша дали кога ќе паѓаат плодовите ќе направат повеќе гужва и беља по патот, но предлагаме и едно едукативно катче врз база на одбирање соодветна локација , баш таму да бидат охридските цреши.“ – посочува Макрадули.

Дрворед

Во Општина Охрид беше презентирана Стратегијата за развој на зеленило во период од 2023 до 2032 година. Општина Охрид, иако со задоцнување, сепак е една од првите општини кои согласно закон го изработија  и Зелениот катастар, преку снимање, гео референцирање и  ажурирање на атрибутните податоци, како и изработка на просторно лоцирани реални GIS бази на податоци за зелените појаси во градот.