Денеска времето во Охрид ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен, наместа засилен ветер од југозападен правец. Mаксималната дневна температура до 20 степени.
До петок времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен, наместа засилен ветер од југозападен правец. Утре попладне во западните делови врнежите наместа ќе бидат пообилни, а во четврток ќе има услови за појава на ретки грмежи. Потоа времето ќе биде стабилно и релативно топло.