СВР Охрид
Поднесена кривична пријава против 29 годишно лице од Охрид за трговија со дрога
При претрес полицијата пронашла марихуана наменета за понатамошна продажба.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 29 годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори.
„При претрес во неговото патничко возило, извршен со судска наредба, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога пронајдоа и одзедоа марихуана, наменета за натамошна продажба.“ – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.


