Утре ќе се спроведе акција за подигнување зелен отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) во Горна Влашка маала, населба Христо Узунов и Карабегомаала.
Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 28.10.2023 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот, информираат од ЈП Охридски Комуналец.
Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад, додаваат од ЈП Охридски Комуналец.