Oпштина Охрид организира Јавна анкета и Јавна презентација за Локална урбанистичка планска документација за ГП бр. 1 со основна класа на намена А 4–времено сместување на КП 1544/1 во КО Трпејца, општина Охрид, со техн.број 01/19 од март 2023 год. изработена од Друштво за проектирање и градба “СНЕГАР Компани” дооел Охрид.
Планскиот опфат за ЛУПД за ГП бр. 1 со основна класа на намена А 4 – времено сместување на КП 1544/1 во КО Трпејца, општина Охрид, со површина од 122.01 м2, е во рамки на катастарската парцела КП бр. 1544/1 во КО Трпејца, односно граничи со КП 1544/2, КП 1545, КП 1547 и дел од КП 1523 КО Трпејца, Општина Охрид.
- Јавната анкета ќе трае од 02.11.2023 -10.11.2023 год.
- Јавната презентација ќе се одржи во големата сала на општина Охрид на ден 08.11.2023 год. со почеток во 10:00 часот.
- Заради обезбедување пристапност и увид од страна на граѓаните и правните лица планот ќе биде истакнат во холот на општина Охрид пред големата сала за состаноци.
- Стручната служба ќе дава објаснување секој работен ден од 13.00 до 15.00 часот во просториите на општина Охрид во времетраење на јавната анкета.
- Заинтересираните граѓани и правни лица своите предлози и забелешки, додека трае јавната анкета, може да ги доставуваат на анкетни листови до надлежниот орган кој е организатор на анкетата.