“Улицата ,,7-ми Ноември” моментално e улица најнебезбедна за возила и за пешаци” – се коментарите од охриѓани по медиумите и социјалните мрежи, посочуваат од ОО на СДСМ Охрид.
„Улицата 7-ми Ноември повторно раскопана. Не е прв пат да се санира коловозот, туку Градоначалникот Пецаков дал налог за работа на улицата и во јуни 2022 година. Зошто истата улица сега пак се санира? Зошто по втор пат? Некоја друга ,,математика” е или во недостиг на реални проекти и инфраструктурни активности, реши Локалната пак наново да ги прекопува улиците?“ – се вели во партиското соопштение.
Од СДСМ велат дека улицата е ужас за народот, нејзиното прекопување, оставените градежни материјали, паркираните машини за работа може да доведат до немили настани.
„Сопствените замисли и хирови, ако веќе мора и по втор пат, да ги реализира Локалната без реперкусии врз безбедноста на населението. Две години прекопувате и прередувате од едно место на друго. Едвај некоја новинка. Зарем и следните две така ќе ги поминете ?„ – додаваат од СДСМ Охрид.