Општина Охрид: СДСМ не разликува санација на ударни дупки од реконструкција на улица
СДСМ Охрид не разликува санација на ударни дупки од комплетна реконструкција на улица, па затоа не е ни чудно што во минато, нивните инфраструктурни проекти беа со еден куп недостатоци, реагираат од Општина Охрид на соопштението на ОО на СДСМ Охрид во врска со градежните зафати на улицата 7-ми Ноември.
Охриѓани се умни и знаат да направат разлика помеѓу санација на ударни дупки и комплетна реконструкција на улица, велат од локалната, но сепак за да не останеле должни кон граѓаните, а СДСМ да не биде во заблуда, во реакцијата даваат одговор на критиките.
„На 21 јуни 2022 година, како што и самите имате доставено фотографија од градежни активности на улицата 7ми Ноември, се гледа дека се санираат дупки, односно се врши реставрација на дел од коловозот кој е еден од влезовите на градот, а за жал беше оставен во очајна состојба. Тоа се реализираше во очи на почетокот на туристичката сеозна и со цел посетителите на Охрид барем на овој влез да немора да поминуваат по оштетен и крајно небезбеден коловоз.
Додека сега, после скоро година и половина се врши комплетна РЕКОНСТРУКЦИЈА на улицата 7 ми Ноември. Со овој зафат е опфатено реконструкција и поставување на нова атмосферска канализација, спуштање на каблите под земја, реконструкција на тротоарските површини и велосипедски патеки. Оформување на коловозни ленти, нов асфалт и ново осветлување. Односно улицата 7ми Ноември добива нов лик.“ – се вели во реакцијата.