Народен театар Охрид
“Чекајќи го Годо” повторно на репертоарот на Народен театар Охрид на 7-ми Ноември
На Денот на ослободувањето на Охрид, народниот театар ќе ја изведе новата претстава на задоволство на љубителите на театарот кои ја пропуштија премиерата.
На 07.11.2023, вторник, Народен театар Охрид репризно ќе ја изведе претставата “Чекајќи го Годо” од Семјуел Бекет, во режија на Сашо Миленковски.
Улогите во претставата ги толкуваат: Владимир – Стрезо Стаматовски, Естрагон – Никола Тодороски, Лаки – Павел Маслов, Поцо – Филип Кипровски, Момчето – Ангел Ристоски, Бојан Трајкоски, Горазд Ѓорески.
Дизајн на сцена, костими и рекламен материјал Владимир Симоновски.
Почетокот на претставата е во 20.00 часот, карти по цена од 200 денари на билетара при НУ Центар за култура “Григор Прличев”-Охрид .