Skip to main content

УХМР

Променливо облачно со повремен дожд

Максималната дневна температура ќе се искачи до 16 степени.
 |  инфодеск  | 

Денеска во Охрид времето ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен дожд, а попладне умерено облачно со слаб ветер од југозападен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до 16 степени.

До крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Од петок попладне и во сабота врнежите на места ќе бидат обилни и поројни (над 30 л/м2) проследени со грмежи. Во петок и во деновите од викендот ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (над 60 км/час).

фото: Ѓоко Симјаноки