Skip to main content

УХМР

Облачно со врнежи од дожд и температура до 21 степен

Под влијание на циклонска активност во вечерните и ноќните часови и утре преку денот ќе има врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат обилни
 |  инфодеск  | 
облачно Охрид
hdr

Денеска во Охрид облачно со врнежи од дожд и умерен до засилен јужен ветер. Максималната дневна температура до 21 степен.

Од УХМР предупредување дека денес ќе дува засилен, наместа повремено силен ветер од јужен правец (над 60 км/час). Под влијание на циклонска активност во вечерните и ноќните часови и утре преку денот ќе има врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат обилни (над 30 л/м2), а локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи.