Денеска започна замена на оштетените детски реквизити. Првично се менуваат реквизитите на детските игралишта кај каналот Студенчишта и на улица “Кеј Македонија”.
Акцијата за промена на оштетените детски реквизити ќе продолжи и на другите игралишта. Вредноста на проектот изнесува 403 000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.