Skip to main content

Шпинделегер во официјална посета на Македонија

Шпинделегер, кој утре доаѓа во Скопје, не прецизира дали на средбата со Друцас станало збор за неговата понуда од пред неколку дена да посредува во решавањето на спорот за името меѓу Грција и Македонија.

 |  Маја Савиќ  | 
Spindeleger
Шпинделегер

Шпинделегер, кој утре доаѓа во Скопје, не прецизира дали на средбата со Друцас станало збор за неговата понуда од пред неколку дена да посредува во решавањето на спорот за името меѓу Грција и Македонија.

SpindelegerПосочи само дека 2010 е клучна година во која треба да бидат надминати сите пречки за приближувањето на Балканот кон ЕУ.
Тој во понеделникот во интервју за австриската ддржавна телевизија ОРФ, изјави дека Виена сака да се понуди како медијатор за името и оти е уверен оти решение за проблемот ќе се најде уште во текот на пролетта, а оваа година „ќе има конкретни резултати“ во соработката на ЕУ со Македонија.

Друцас, пак, на заедничката прес-конфренција повтори дека Грција излегла со конкретен предлог за решавање на проблемот – изнаоѓање име со географска одредница за свекупна употреба. Атина, според него, покажала добри намери и затое „се надева дека и Скопје ќе одговори на ист конструктивен начин“.

Шпинделегер и Друцас разговарале за Грчката Агенда 2014 и австриската Иницијатива за евроинтеграција на западен Балкан Шпинделеге. Договориле да испратат заедничко писмо до министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ за промовирање на идејата за вклучување на балканските држави во Унијата до 2014 година.

– Грција и Австрија имаат заеднички интереси. Грција е во центарот на регионот, а Австрија има богато минато и историја на Балканот. Заедничката акција ќе придонесе за побрзо исполнување на целта – евроинеграција на регионот, изјави Друцас.
Забележа дека таквиот курс бил загубен во изминатите години, посочувајќи оти Агендата 2014 треба да биде нова основа за приближување на Балканот кон ЕУ.

– Се надевам дека ЕУ ќе ја презем својата одговорност и ќе придонесе решително за мирот и стабилноста во регионот, изјави Друцас.
Австрискиот министер за надворешни работи имаше куса средба и со грчкиот премиер Јоргос Папандреу.

Шпинделегер од Атина патува за Скопје на средби со македснкиот државен врв. Тој утре ќе се сретне со својот домаќин министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, со претседателот Ѓорге Иванов, со премиерот Никола Грувески, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, а најавена се средби и со лидери на поголемите политички партии.
Предвидено е министрите Милошоски и Шпинделегер да потпишат спогодба за развојна соработка.

{loadposition content9}