Skip to main content

Православен календар

Митровденска Задушница – помен и молитва за упокоените

Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите. Задушница е секогаш в сабота, ден кој црквата го одредила за помен и молитва за упокоените.
 |  инфодеск  | 
Duhovden

Православните верници го одбележуваат еден од четирите најголеми празници посветени на мртвите на 7 ноември – Митровденска Задушница. Овој празник секогаш паѓа во пресрет на Светиот великомаченик Димитриј, затоа и се нарекува Митровдеска Задушница.

Свеќи се носат на гробовите, а свештениците вршат индивидуални панихиди и читаат молитви за починатиот. Ако не е можно да се оди на гробот на починатиот, им се служи панихида во црквата. Според учењето на Црквата, на Евхаристијата, верниците се молат во храмовите и гробиштата за упокојување на душите на мртвите, а прават и милостина.

Храна честопати се носи на гробиштата, што не е црковно правило, туку е обичај.

Задушница никогаш не е за време на пост, ниту се паѓат на пост, бидејќи тие се секогаш во сабота. Се печи леб со бело брашно, кои се нарекуваат „просфори“. Се подготвува ракија, пиво, вино, вода, а на некои места се вари и жито. Се носат онолку свеќи колку што се споменуваат мртви. Во сите делови на земјава, свештениците по барање на блиските на покојникот го окадува гробот.

Mитровденската задушница е востановена во XIV век и најпрвин била руска традиција, од каде преминала и во повеќето православни цркви. На оваа задушница, во прво време биле спомнувани само православните војници, меѓу кои биле и двајцата монаси Александар Пересвјат и Ослабја од Московската обител на Живоначалната Троица кои паднале на браникот за верата и татковината. Димитриј Јованович Донски, откако ја извојувал победата во битката со Мамаите на Куликовското поле во 1380 година, во која загинале и двајцата спомнати монаси, ја посетил нивната света обител за таму да учествува во извршувањето на поменот за нив. Притоа тој предложил Црквата да го прави овој помен секоја година во Митровденската сабота, односно во онаа сабота која е најблиску до празнувањето на св. вмч Димитриј (08 ноември).

Од тоа време Црквата ја приброила оваа задушница во вселенските родителски саботи, а нешто малку подоцна востановила во оваа сабота да се извршува помен не само за паднатите за верата и татковината војници, туку и за сите починати воопшто.

Инаку, во црковната година има четири општи помен дена: Задушница пред Велигденскиот пост (пред почетокот на Великиот пост), Духовден (пред празникот Света Троица), Михаилска задушница (пред Михаил) и Митровска задушница. (пред Митровден).