Плакета УНИКА за документарецот „Киното Охридско Езеро“ на Љупчо Паункоски
Охриѓанецот Љупчо Паункоски ја доби плакетата УНИКА за краткометражниот документарен филм „Киното Охридско Езеро“ на 31. издание на фестивалот „Манаки“.
На 31-то издание на интернационалниот Фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“ пристигнаа вкупно 45 филмови од 10 европски земји, според одлуката на стручното жири, 16 од нив влегоа во официјална конкуренција.
Љупчо Паункоски со документарецот го опфаќа периодот од 1924 година па се до денес односно дел од историјата на Охрид преку Кино салата „ Охридско езеро“. За тоа колку е можно една историја долга еден век да се смести во докуменатрец од 38 мин, Паунковски ќе рече дека и десет филмови се малку за да се опишат сите случувања со киното и да се прикаже неговиот некогашен сјај. Љупчо Паункоски филмот го работел со сопствени средства премиерно беше прикажан на 10ти октомври 2013та година во ЦК „Григор Прличев“, како подарок за охриѓани по повод празникот 11-ти Октомври Денот на востанието против фашистичкиот окупатор. Филмот на Паункоски беше и своевиден апел до надлежните институции да поводат грижа за старото охридско кино на улицата „Даме Груев“.
Минатата година на Фестивалот на аматерски документарен филм „Камера 300“, Паункоски ја освои највисоката награда за краткиот аматерски документарен филм „Охридските хотели и хотел Радиќ“, а покрај тоа, доби и плакета за документарецот „Селци и Малесија“.