На VII-от Државен натпревар на учениците кои ја следат Бреинобреин програмата, кој се одржа вчера, (5.11.2023) во Скопје, во конкуренција од 229 натпреварувачи од 9 центри во Македонија, 39 БРЕИНОБРЕИН ГЕНИЈАЛЦИ од Центарот за развивање вештини БОБ-Црвен крст Охрид освоија 18 трофеи, 13 златни и 8 сребрени медаљи, со што уште еднаш се потврди дека Центарот за развивање на животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид е најуспешен во Македонија.
На ПРЕСС средба со учесниците на VII-от државен БРЕИНОБРЕИН натпревар од БОБ-Црвен крст Охрид центарот ќе бидат презентирани освоените награди и ќе се изнесат повеќе детали од натпреварувањето.