Небезбедна за пиење водата од градскиот водовод во Струга и селата
Поради обилните врнежи од дожд кои деновиве го зафатија подрачјето на општина Струга, евидентно е нарушување на квалитетот на водата за пиење од градската водоводна мрежа во Струга, по однос на параметарот матност.
„Од извршените првични, хемиски анализи на водата за пиење од Градскиот водовод во Струга, од страна на екипи на Центар за јавно здравје Охрид, претпладнево, 06.11.2023 г. констатирана е зголемена вредност на параметарот матност во водата за пиење, со вредности значително поголеми од законски пропишаните.„-, информираат од Центар за јавно здравје Охрид.
Поради тоа и согласно Правилникот за безбедност на вода, водата од градската водоводна мрежа во Струга и селата приклучени на градската водоводна мрежа, НЕ Е здравствено безбедна и истата не треба да се користи за пиење, предупредуваат од Центарот.
Согласно процедурите,Центарот за јавно здравје Охрид ги известил надлежните институции и соодветните инспекциски служби за натамошно постапување.
Центар за јавно здравје Охрид во координација со надлежните институции, континуирано ја следи состојбата со квалитетот на водата за пиење од градската водоводна мрержа во Струга и навремено ќе информира за секоја промена.