Нестабилните временски услови кои преовладуваа изминатиов викенд во охридскиот регион, пропратени со силен јужен ветар и интензивни врнежи, предизвикаа наталожување на големи количини реса, трска, муљ и најразновиден тешко разградлив отпад, кои брановите ги исфрлија вдолж градскиот кеј и пристаништето .
Оперативните служби на ЈП Охридски комуналец” подигнаа 12 м3 отпад.
Од јавното претпријатие посочуваат дека секојдневно се реализираат акции за подигнување кабаст и зелен отпад за ублажување на негативниот импакт кој поединци го оставаат во урбаните средини.
“Овојпат екипите подигнаа расфрлани кревети, јоги, остатоци од туш-кабини и друга покуќнина од различни локации низ градот” – информираат од јавното претпријатие.