Министерството за здравство во врска со смртниот случај на дете од година и единаесет месеци во Охрид, соопшти дека судска медицина ќе ја утврдува причината за смртта.
Од Министерството вечерва потврдија дека детето утрово било донесено без знаци на живот во Охридската болница.
” На Одделот за Анестезија, реанимација и интензивно лекување при ЈЗУ Општа болница Охрид, денеска во 07:12 часот од страна на службата за Итна медицинска помош, донесено е дете од година и единаесет месеци без знаци на живот. Од страна на анестезиолошки тим веднаш е пристапено кон реанимација, но истата е без успех. Причината за смрт ќе ја утврдува судска медицина, информираа од Министерството за здравство.