Сончево време денеска во Охрид со максимална дневна температура до 18 степени. Ќе дува слаб ветер од југозападен правец.
Во среда, во Македонија, ќе има повремени врнежи од дожд, пообилни во западните и северните делови. Преодно стабилизирање на времето ќе има во четврток. Нов влажен бран се очекува во петок и сабота кога ќе има врнежи од дожд проследени со локална појава на грмежи и засилен ветер од јужен и југозападен правец.