39 трофеи и медали за охридските Бреинобреин генијалци на државниот натпревар
Охридските генијалци од Бреинобреин програмата на Црвен крст Охрид продолжуваат да нижат успеси. На седмиот национален Бреинобреин натпревар учествуваа 39 ученици од охридскиот центар кои во силна конкуренција од вкупно 235 учесници освоија 18 трофеи, 13 златни и 8 сребрени медали.
„Во однос на статистиката од вкупно освоените на државно ниво и нашиот центар гледаме дека и оваа година нашите ученици постигнаа значителни резултати односно се покажа дека Бреионбреин Црвен крст Охрид е еден од најуспешните центри на ниво на република, вели Христина Кузманоска, тренер и инструктор во БОБ-Црвен крст Охрид.
Годинешниот национален натпревар се одржа по подолга пауза од четири години поради Ковид пандемијата. Предходно се одржаа два интернационални натпревари онлајн на кои децата од Бреинобреин Охрид имаа исклучителни резултати. Но натпреварувањето со физичко присуство имаат друга димензија, каде дечињата задоволни ќе излазат на сцена и се видливи резултатите, вели координаторката и инструктор во БОБ Охрид, Валентина Кузманоска.
„Ваквите натпревари се од исклучително значење пред се за да видиме ние како Центар каде сме во однос на останатите центри кои работат во нашата држава, а воедно претставуваат и голема мотивација за учениците затоа што сите се вративме многу задоволни, помотивирани и со желба нарендиот натпревар да го потврдиме постигнатиот успех или да постигнеме многу повисок успех.“ – кажа Валентина Кузманоска.
Државниот Бреинобреин натпревар се состои од два дела, едниот наменет за ментална аритметика каде децата за три минути решваат тестови соглансо нивото кое го посетуваат, а вториот дел е наменет за демо презентации каде дечињата од петто ниво работат демо презентации покажувајчи ги своите вештини за мултитаскинг. Тие во исто време играат, пеат и пресметуваат повеќе суми.
Координаторката на програмата Кузманоска, во името на БОБ Црвен Крст изрази благодарностдо децата кои го претставија Центарот во најдобро светло, до инструкторите Христина Кузманоска, Билјана Николоска и Ангела Кузманоска кои максимално се посветија за постигнување на резултатите, како и за поддршката од родителите.
На 25 ноември, на охридските бреинобреин генијалци им претстои нов предизвик, Интернационалниот натпревар во Дубаи каде Центарот на Црвен крст досега учествуваше три пати на истиот високо котира со постигнатите резултати.