Skip to main content

УХМР

Сончево со умерена облачност и температура до 14 степени

Од петок попладне под влијание на нов влажен и постуден бран времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.
 |  инфодеск  | 

Денеска во Охрид ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Максималната дневна температура ќе се искачи до 14 степени. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Од петок попладне под влијание на нов влажен и постуден бран времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежите повремено ќе преминуваат во снег. Во петок и сабота ќе дува засилен ветер од јужен и југозападен правец.

фото: Ѓоко Симјаноски