Skip to main content

УХМР

Облачно со повремени врнежи од дожд

Максималната дневна температура ќе се искачи до 14 степени.
 |  инфодеск  | 

Времето денеска во Охрид ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во ноќните часови. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до 14 степени.

Под влијание на нов влажен бран времето во Македонија во следните денови ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои на повисоките планини повремено ќе преминуваат во снег. Наместа ќе има пообилни врнежи, а во сабота и локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во сабота ќе дува засилен ветер југозападен правец. Во почетокот на следната седмица ќе има преодно стабилизирање на времето.

Фото: Ѓоко Симјаноски