ТППЕ Охрид
Едно починато лице и две повредени во пожар на куќа во Требеништа
Повредените лица се со изгореници по телото од помал степен., велат од ТППЕ Охрид.
Територијалната противпожарна единица при Општина Охрид во раните утрински часови интервенираше на опожарен индивидуален објект во распламтена фаза , во село Требеништа – Општина Дебарца.
„При самата интервенција извлечени се две лица со изгореници и повреди по телото од помал степен. Во истиот објект пронајдено е уште едно починато лице. “ – информираа од ТППЕ Охрид.

Повеќе информации се очекуваат од СВР Охрид.


