Народен театар Охрид
Вечерва премиера на „Лавиринтот“ на Народен театар Охрид
Во претставата играат Ивица Цонев и Марко Богдановски.
Народен театар Охрид, вечерва со почеток во 20:00 часот ќе ја одигра новата премиера на претставата „Лавиринтот“ од Димо Дешев, во режија на Ѓорѓи Ризески.
Во претставата играат Ивица Цонев и Марко Богдановски. Композитор е Алмир Бајрамоски, а во претставата се користат пиротехнички средства, информираат организаторите.
Билетите се продаваат по цена од 250 денари.