На 09.11.2023 година во 13.50 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во својот дом во Охрид била пронајдена почината С.П.(45) од Охрид. Лекар од Итната медицинска помош од Охрид констатирал смрт без траги на насилство. Увид извршија полициски екипи, а по наредба на јавен обвинител, врз телото на починатата ќе биде извршена обдукција, информираа од СВР Охрид.