Yugo Rally 2023 од Охрид до Крањска Гора
Се уште постои носталгија за бившиот југословнески дух. 28 авантуристи од повеќе земји со 14 стари автомобили од брендот Застава ЈУГО утрово од Охрид тргнаа на турата „Југо-трип”. Со возила стари повеќе од три децении ќе патуваат од Охрид преку Лесковац, Златибор, Подгорица, Мостар, Шибеник, Плитвице,Порторож до Крњска Гора.
Идејата за оваа необично уникатно патување е на охриѓанецот Блаж Поп Стефанија, а целта е вели да се потсетат како во минатото се патувало од една во друга југословенска република. Но и промоција и запознавање на културата и традициите во овие земји.
„Ќе одиме еден мал круг по нашата убава Бивша Југославија, четиринаесет возила што се постари сите од триесет години. И ќе се потсетиме како некогаш се патувало, нема да одиме на автопат, ние сме луѓе од девет држави. Сакаме да си поминеме убаво, вели Блаж Поп Стефанија, организатор на авантурата Југо-трип.
Авантурата, насловена Југо трип ќе трае девет денови, а возачите и совозачите ќе застануваат, ќе се сместуваат и преноќуваат во некогашните хотели кои биле бренд на југословенските простори.
„Одиме преку Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Словенија. Од Ѓердап па до Триглав, Буквално сите држави ќе ги посетиме. Повеќето автомобили се набавени во Македонија, а некои моравме да ги донесиме од Словенија, како што може да видите од таблиците. И се надевам дека ќе издржат по патот”, вели охриѓанецот Блаж Поп Стефанија, организатор на авантурата Југо-рели.
Учесници на Југо рели авантурата, се жители на Македонија, Словенија,Србија, Англија, Норвешка, Данска и Америка.
Новинар Соња Рилковска