Медали, дипломи и пофалници за охридски гимназијалци на 56. Детски Рацинови средби
,,Да му го земеш јазикот на еден народ – тоа значи да му ја земеш душата” – беше главниот Рацинов одек и тема за Рациновите следбеници од цела Македонија да се натпреваруваат на 56. Детски Рацинови средби во Велес.
Ученици од ОСУ ,,Свети Климент Охридски”-Охрид, заедно со посветените ментори, професорите по Македонски јазик и литература освоија грст медали, дипломи и пофалници на 56. Детски Рацинови Средби.
Под менторство на проф. м-р Перчо Божиновски учениците:
Рецитаторката Константина Крежеска (IV-5) се закити со сребрен медал и диплома за освоена втора награда на рецитаторскиот натпревар;
Ораторката Сара Петкоска (III-3) се закити со бронзен медал и диплома за освоена трета награда на натпреварот во ораторство;
Младата поетеса Симона Димитриеска (I-7) се закити со бронзен медал и диплома за освоена трета награда на литературниот конкурс.
Пофалница за рецитаторство доби ученичката Софија Милевска (III-7) под менторство на проф. Светлана Голабоска.
Пофалница за ораторство доби ученичката Ива Јованоска (IV-3) под менторство на проф. Маријана Танеска.
„Успехот е поклон и чест за Рациновата безвременост, за негувањето на македонскиот литературен јазик, а со тоа да бидеме запаметени за вечност да траеме.“ – велат од ОСУ ,,Свети Климент Охридски”-Охрид.