Во септември 90 000 странски туристи ја посетиле Македонија
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во септември 2023 година изнесува 124 800, од кои 27.9 % се домашни туристи, а 72.1 % се странски туристи.
Земјава во статистичкиот период ја посетиле 90 031 странски турист кои оствариле 168 689 ноќевања. Најголем број туристи во септември дошле од Турција вкупно 23. 252, потоа од Србија (8.691), Германија (5. 415), од Полска (4 965) и Холандија (3 243).
Бројот на ноќевањата во септември 2023 година изнесува 256 831, од кои 34.3 % се од домашните туристи, а 65.7 % од странските туристи.
Во периодот јануари – септември 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 21.8 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 0.5 %, а кај странските има зголемување за 40.3 %.
Во периодот јануари – септември 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 10.2 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 1.5 %, а кај странските има зголемување за 24.7 %.
И понатаму најпосетени од туристите се езерата и главниот град.