Денеска во Охрид сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Максималната дневна температура до 16 степени.
Во следните два дена во Македонија ќе се задржи релативно топло време со појава на утринска магла во одделни котлини. Локални врнежи од дожд ќе има во попладневните и вечерните часови во среда и во петок. Во сабота ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата.
фото: Ѓоко Симјаноски