Денеска во Охрид претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од западен правец. Максималната дневна температура до 17 степени.
Во четврток во Македонија ќе настапи преодно стабилизирање на времето. Во петок ќе дува засилен јужен ветер, а попладне под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд, пообилни во ноќните часови. Во сабота врнежите ќе бидат локални, а на планините ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата.
фото: Ѓоко Симјаноски