Сезонски режим на сообраќај
Од денес затворен патот Ресен-Охрид преку НП Галичица
Ваквиот сезонски режим на сообраќај се воведува со години поради неодржување на патот во зимски услови.
Од денес се затвора патниот правец Р-504 Ресен-Охрид преку националниот парк Галичица. Овој патен правец години наназад од 15 ноември до 31 март е затворен за сообраќај за сите видови возила.
Причините се што патот е на највисокиот планински превој во Македонија , каде има воздушни влијанија непредвидливи ветрови врнежи од снег, ниски температури и е тежок за одржување , велат од Македонија Пат за Охриднет.


