По барање на месната заедница од село Пештани, ЈП„Охридски Kомуналец” во петок, 17 ноември, ќе организира вонредна акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) од село Пештани.
„Се молат граѓаните доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 17.11.2023 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот.“ – велат од претпријатието.
Кабастиот отпад, додаваат, треба да е уредно оставен до контејнерите или други пристапни места предвидени за подигнување комунален отпад.